Бразилскиот селектор Тите влезе во расправија со ѕвездата на Аргентина, Лионел Меси, кој го постигна единствениот гол во контролната меѓу двата јужноамерикански гиганти во Ријад, Саудиска Арабија.
– Сакав судијата да му покаже жолт картон, бидејќи си заслужува. Меси ми рече да ја задржам устата затворена и јас му одговорив со истото. Не сакам повеќе да разговарам за тоа. Ваков натпревар треба да го води добар судија, прокоментира Тите после натпреварот.