Тинејџерот на Борусија Дортмунд, Јусуфа Мукоко, стана најмлад фудбалер во историјата на ЛШ

Од:

Бундеслигашот Борусија Дортмунд вечерва имаше повод за двојна радост по гостувањето кај Зенит во Лигата на шампиони (ЛШ), откако со триумфот од 2-1 влезе во нокаут фазата како првопласиран во Х-групата, а тинејџерот на „милионерите“ Јусуфа Мукоко стана најмлад играч во историјата на елитното натпреварување.

Тинејџерот на Борусија Дортмунд дебитираше во ЛШ со 16 години и 18 денови, соборувајќи го рекордот, кој досега го држеше Нигериецот Селестин Бабајаро настапувајќи за Андерлехт со 16 години и 85 денови.

Мукоко, кој е роден во Камерун, но игра за младинските репрезентации на Германија, испиша историјата, откако влезе во игра од клупата за резерви на местото на Феликс Паслак во 58 минута на мечот во Санкт Петербург.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Ждрепка на Лигата на шампионите: Извлечени спектакуларни двојки во четвртфиналето и полуфиналето

Горан Наумовски

Себастиен Але непрепознатлив по борбата со ракот на тестисите

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Џовани Симеоне пред потпис за Борусија Дортмунд