Тинејџер е најдобриот асистент на Реал Мадрид оваа сезона

Од:

Бразилскиот тинејџер на Реал Мадрид Виничиус Жуниор им се поголемо значење во составот на „лос бланкос“, покажува статистиката.

Офанзивниот фудбалер е лидер по асистенции во Европскиот шампион, пишува „Марка“. Виничиус засега има седум асистенции во сите натпреварувања, надминувајќи ги Герет Бејл, Карим Бензема, Алваро Одриосола и Лука Модриќ, кои имаат по пет.

Бензема најчесто ги користел пасовите на „кариоката“ за да бележи – три пати. Бразилецот има најмногу аситенции во Кралскиот Куп – пет.

Левото крило на „белите“ е 12-тиот најкористен играч од почетокот на сезоната, а по доаѓањето на Сантијаго Солар се вкорени во првиот состав. Тој се појавил во 19 натпревари, регистрирајќи вкупно 1.012 минути.

Под раководство на Хулен Лоетеги, тој одигра едвај 15 минути.

Би можело да ве интересира

Реал нема да ги пушти своите играчи да играат на ОИ

Детаљ за кој најмногу се зборува – дали Винисиус заслужи црвен картон?

Предраг Петровиќ

Навивач на Атлетико Мадрид му се заканувал на девојче бидејќи носело дрес од Реал Мадрид

Горан Наумовски

Винисиус заминува доколку Реал потпише со Мбапе

Предраг Петровиќ

Реал реши да го „казни“ Мбапе, му дава 100 милиони евра помалку од пред две години

Модриќ повеќе не е резерва, повторно е во првите 11 на Реал

Предраг Петровиќ