Тежина од 371 милиони фунти паѓа од рамениците на клубовите во Премиер лигата

Од:

„Скај Спортс“ нема да побара од Премиер лигата да врати 371 милиони фунти на компанијата доколку сезоната не заврши во Англија. Наместо тоа, се бараат други опции за да се компензира медиумскиот гигант, ако навистина стане збор за најлошото сценарио.

Според „Дејли мејл“, повеќето компании кои имаат права да емитуваат натпревари во странство, исто така, ќе постигнат договор со Премиер лигата, бидејќи не сакаат да го загрозат идното партнерство. Весникот тврди дека во најлош случај, клубовите ќе треба да платат околу 150 милиони фунти.

Меѓу опциите што се дискутираат за компензација на компанијата се продолжувањето на овој договор за уште една сезона до 2022/23 година, како и дополнителниот број на натпревари во живо што ќе се емитуваат во текот на следната кампања.

Ќе се разговара и за можноста сите 92 натпревари оваа сезона да бидат емитувани доколку се продолжи кампањата.

Би можело да ве интересира

Скандал во Премиер лигата: Уапсени двајца фудбалери поради силување

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

Кашемиро: Не потценувам, но Премиер – лигата е многу потешка од Ла Лига

Мечевите од Премиерлигата во Лондон нема да може да се оддржат ниту следниот викенд

Ливерпул со 9:0 го победи Борнмут, Стерлинг го спаси Челси, хет-трик на Халанд против Палас

Премиерлигашите потрошија 1.5 милијари фунти на трансфери, рушејќи го рекордот