Тенисерите од Неготино прославија три јубилеи

Од:

Три јубилеи прослави тенискиот клуб од Неготино. Дваесет и пет години од изградбата на неготинските тениски терени и од формирањето на клубот, како и 15 години од постигнувањето на најголемиот успех кога три години едноподруго го држеше вицешампионското место на државно ниво.

​- Нашата генерација почна од нула. Во Неготино тенис почнавме да играме во 1988 година. Првото игралиште го оцртавме со црвена боја од керамида. Најдовме една примитивна мрежа од фабриката за правење алва. Во 1993 година го одржавме првото градско првенство. Немавме опрема за судиите каде да седат и пишуваат. За да организираме државно првенство, од неготинска компанија побаравме помош. Тогашниот директор таму на шега ни рече “сите бараат пари, вие клупи и столови”. Сега е многу убаво, рече во своето обраќање Блаже Лазовски, претседател на клубот.

​Осврнувајќи се на клубскиот тенис низ годините, споменувајќи повеќе тенисерски имиња, тој информираше и за тенсикиот успех на млади неготинци кои го освоиле највисокото место на купот организиран од Француската амбасада во Скопје, во конкуренција на 12 екипи. Како награда добиле дваесетдневен престој во Франција.

​Секретарот Александар Јованов Аџи нагласи дека тенисерските ентузијасти цели 25 години се грижат и околу одржувањето на тениските терени.

​Околу триста тенисери го имаат изучено тенискиот спорт, рече тој, изразувајќи благодарност до општината која своевремено изградила ваков тениски комплекс, кој и сега постојано се модернизира.

Дејан Јованов од Неготино, тенисер, сега сопственик на успешна софтверска компанија во Скопје и спонзор, упати благодарност до сите присутни кои го сакаат спортот.

– Не беше мал резултат да се биде тениски вицешампион во државата. Беа победувани Ерменци, Руси, Себи, Хрвати, нагласи пред присутните Јованов.

Беше организиран и турнир во тенис, а награди и благодарници за животно дело добија Лазовски, Јованов и Ване Лазов.

​Градоначалникот на Неготино Ванчо Апостолов кој додели награди и благодарници, рече дека му е чест што присуствува на еден ваков јубилеј.

​- Секогаш ја почитувам визијата и идејата на сите спортски ентузијасти. Минатата година ги реновиравме овие терени. Локалната самоуправа ги следи сите спортови, додаде градоначалникот.

Би можело да ве интересира

Приведен жител на неготинско село кој не почитувал судска наредба и се заканувал на мајката и братот

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

Починато бебе донесено во неготинската болница, телото на обдукција

Апсења во неколку градови низ Македонија: Предистрага „Синџир“ за дела против јавните финансии

Александар Тодески

Полицијата со детали за сообраќајката во која загина 77-годишен пензионер од Неготино

Изгасени пожарите кај Неготино и Демир Капија – гасеа и авион на ДЗС и хеликоптер на МВР

А1он