Тенисер казнет со 120.000 долари поради пцуење судија

Од:

Американскиот тенисер Френсис Тиафо е казнет со 120.000 долари поради недолично однесување, откако го пцуеше судијата на натпревар на Мастерсот во Шангај.

Инцидентот се случи во септември на Мастерсот во Шангај, во мечот кој Тиафо го загуби од Русинот Роман Сафиулин со 7:5, 5:7, 6:7.

Тиафо е казнет со 60.000 долари за грубо недолично однесување, како и дополнителен максимум од 60.000 долари за вербална злоупотреба, објави денеска Би-би-си.

Тој се соочуваше со суспензија, но АТП сепак само парично го казни.

Тиафо збесна на крајот од мечот, во тај-брејкот од третиот сет при 5:5, кога судијата досуди дека го прекршил дозволеното време на сервис и му го одзеде првиот сервис.

Американскиот тенисер тврдеше дека ја фрлил топката на сервис, но судијата не се согласи со него и го казнил. Тиафо потоа имаше втор сервис, го загуби поенот за 5:6, а Сафиулин го освои следниот поен и победи.

Кога Тиафо му пријде на судијата, тој почна да го пцуе и тоа продолжи.

Тенисерот подоцна се извини и рече дека неговото однесување е неприфатливо.

Би можело да ве интересира

АТП: Новак ја започна 389-та недела на врвот

АТП го казни Вимблдон поради руските и белоруските тенисери

Предраг Петровиќ

Зверев: Мило ми е што АТП започна истрага за обвинувањата против мене, подолго време барав да го сторат тоа

Ана Ололовска

Ѓоковиќ ја почна 318. недела на врвот на АТП листата

Ана Ололовска

Ѓоковиќ го урна рекордот на Федерер

Катерина Ѓуровски

Ѓоковиќ идниот месец ќе го урне рекордот на Федерер и ќе стане тенисер со најмногу недели на врвот

Жарко Настоски