Тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг изрази разочарување од поразот на Валенсија (0:1) на натпреварот во Лигата на шампионите. Овој резултат го елиминира тимот на Амстердам од плејофот на елитното натпреварување и ќе треба да се задоволи со настап во од Лигата на Европа.
– Во фудбалот, не го добиваме секогаш она што го заслужуваме. Така беше и овој пат. За време на групната фаза сè не беше во наша корист. Освоивме десет бода, покажавме добра игра, создадовме шанси, а на крајот завршивме со празни раце. Да, ние ќе продолжиме да играме на европски натпреварувања, но сакав да останеме во ЛШ. Се разбира дека сме разочарани, истакна Тен Хаг.
Ајакс групата ја заврши на третото место зад Валенсија и Челзи кои одат во плејофот од Лигата на шампионите.