Ајакс нема да пристапи дефанзивно на реваншот против Тотенхем, иако и реми без голови ќе биде доволно за холандскиот гигант да се рангира на финалето во Лигата на шампиони.
Ова го изјави тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг, пред реваншот во полуфиналето на ЛШ против Тотенхем. Холанѓаните го освоија првиот натпревар со 1-0 во Лондон пред една недела.
– Забораваме за првиот натпревар и излегуваме со став за победа. Ќе напаѓаме и нема да го чуваме резултатот од првиот натпревар. Утре треба да поминеме уште една пречка. Уверени сме дека може да го направиме тоа. Подготвени сме и сме помотивирани од било кога, прокоментира Тен Хаг на прес-конференцијата пред натпреварот.
Во кампот на Ајакс нема сериозно повредени играчи по победата во финалето од Купот на Холандија против Вилем II во неделата. Единствен под знак прашалник е напаѓачот Давид Нерез кој страда од лесна повреда, но тренира со главната група.
– Преполнети трибини утре гарантираат исклучителна атмосфера. Поддршката на публиката ќе биде важна, но чекорот кон финалето треба да го направиме сами, рече уште Тен Хаг.