Александар Таневски не е повеќе тренер на Академија Пандев.
– По вчерашниот пораз, шефот на стручниот штаб си поднесе оставка, која управата ја прифати. Причина за оставката се лошите резултати во воведните пет кола од стартот на новата сезона. Управата на Академија Пандев му се заблагодарува за вложениот труд и му посакува се најдобро во понатамошната кариера, соопшти струмичкиот прволигаш.
По пет кола во Првата македонска фудбалска лига, Академија Пандев се наоѓа на претпоследното, 11.место со само три бода, односно една победа и четири порази.