Светскиот шампионат во пливање одложен за 2022 година

Од:

Меѓународната федерација за пливање (ФИНА) го одложи Светското првенство во пливање од 2021 година за мај 2022 година во Фукуока. Новите датуми за настанот се од 13 до 29 мај, по две години. Идејата е да не се совпадне со Олимписките игри во Токио, кои беа преместени во 2021 година поради пандемијата на коронавирус.

Градоначалникот на градот домаќин, Сочичиро Такашима, рече дека промената на датумите и годината во никој случај нема да влијае на бројот на дисциплини и учесници на Светскиот куп.

– Фукуока ќе ги обезбеди сите најдобри услови за големо првенство во пливање, рече тој.
Се разбира, постојаната пандемија нè прави сите внимателни. Ние ја продолжуваме нашата работа и организација и ќе бидеме на високо ниво во 2022 година.

– Не се сомневаме дека ова е вистинската одлука. Пред да ја донесеме, се консултиравме со индивидуалните федерации, како и со спонзорите. Ние сме должни да ги обезбедиме најдобрите можни услови, изјави претседателот на ФИНА, Џулио Малионе.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ

Најдобриот пливач на денешницата го напушти Светското првенство во Будимпешта

А1он

Канаѓанката Мекнил го собори рекордот на 50 метри грбно во мали базени

А1он

Пливачката Миа Блажевска Еминова обезбеди норма за настап на Олимпијадата во Токио

Ана Ололовска