Светски рекорд за Американката Кејти Ледецки

Од:

Американката Кејти Ледецки стана нова светска рекордерка откако попладнево на Светското првенство во Барселона го собори рекордот на сонародничката Кејт Циглер на трката од 1.500 метри слободно.

За Ледецки ова е второ злато на СП во Барселона. Таа во финишот на трката имаше повеќе сили од досегашната светска шампионка Лоте Фрис од Данска, инаку и двете имаа подобро време од досегашниот светски рекорд.

Ледецки исплива за 6 секунди и 1 десетинка побрзо – 15:36.53 минути (нов светск рекорд), а Фрис – 15:38.88. Фрис постави нов европски рекорд, а и бронзената Лорен Бојл од Нов Зеланд постави нов контонетален рекорд на Океанија.

Второто злато во Барселона го освои и Литванквата Рута Меилутите која победи на 100 метри градно, но не успеа да го собори сопствениот светски рекорд поставен вчера во полуфиналето.

Таа патеката ја исплива за 1:04.42 минута. Среброто го освои Јулифа Ефимова од Русија, а бронзата Американката Џесика Харди.

На 100 метри грбно олимписката шампионка Миси Френклин победи со време 58.42 секунди, пред Емили Сибом од Австралија и Аја Теракава од Јапонија.

Мажите денеска имаа две финални трки.

На 200 метри слободно Французинот Јаник Ањел покрај олимпиското злато го додаде и светското. Тој беше прв со време 1:44.20 минута, пред Американецот Конор Дваер и Русинот Данила Изотов.

На 100 метри грбно кај мажите доминација на Американците. Златото го освои Мет Гриверс со време 52.93 секунди, пред сонародникот Дејвид Пламер, а третото место му припадна на Жереми Стравиус од Франција.

Утре од македонските пливачи во квалификациите на 200 метри слободно ќе се појави Марко Блажевски. Тој ќе плива во првата од петте групи.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ

Најдобриот пливач на денешницата го напушти Светското првенство во Будимпешта

А1он

Канаѓанката Мекнил го собори рекордот на 50 метри грбно во мали базени

А1он

Пливачката Миа Блажевска Еминова обезбеди норма за настап на Олимпијадата во Токио

Ана Ололовска