Британската атлетичарка и светска рекордерка Пола Редклиф ќе биде промоторка на годинашното издание на Виз Ер Скопски маратон.
Редклиф која во 2003 година на Лондонскиот маратон постави рекорд 2 часа 15 минути и 25 секунди ја прифатила поканата на организаторот да дојде во македонската метропола.
Покрај славната атлетичарка, маратонот. Пола е актуелна светска рекордерка во маратон со резултат од. Таа прифати да биде дел од Виз Ер Скопскиот маратон.
– Влијанието на Виз Ер Скопски маратон е големо за промоција на спортот во Македонија и пошироко и тоа ќе може да го видите на 6 мај, а и за 4 дена, на 1 април кога ќе се трча женската Авицена трка, рече директорот на Виз Ер Скопски Маратон, Кире Синадиновски.
Досега за главната маратонска трка се пријавени околу 4.000 тркачи од 46 земји од светот.
На денешната прес-конференција присуствуваше и Дарко Каевски, директор на Агенцијата за млади и спорт, кој апелира што повеќе жени да се пријават за неделната Авицена Женска трка.
– Сакам да упатам апел да се пријават што повеќе жени на оваа женска трка бидејќи како што знаете, жените спортисти во минатото, а и денес биле и се учесници во големи спортски настани и со успех ја истакнале Република Македонија на повеќе меѓународни натпревари. Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи и во иднина целосно да ја поддржува иницијативата за што поголема афирмацијата на жената во спортот, истакна Каевски.
Пријавувањето и регистрацијата за Авицена Женската трка 2018 трае уште денеска, а пријавувањето за Виз Ер Скопски Маратон трае до 27 април.