Загина светскиот рекордер Келвин Киптум

Од:

Кенискиот атлетичар Келвин Киптум (24) актуелниот светски рекордер во маратон, загина во неделата во сообраќајна несреќа, објавија светските медиуми.

Смртта ја констатирала локалната полиција во Кенија. Сообраќајната несреќа се случила на патот Елдорет – Капсабет.

Покрај него животот го загуби и неговиот тренер Гарве Хакизамана од Руанда, а во возилото се наоѓала и жена по име Шарон Косгеи, која во тешка состојба била пренесена во најблиската болница.

Киптум беше атлетска суперѕвезда. Единствениот човек кој истрча маратон за помалку од два часа и една минута.

Минатата недела, неговиот рекорд беше официјално признат. Киптум се подготвуваше да стане првиот човек кој ќе го заврши маратонот за помалку од два часа на 14 февруари во Ротердам.

Тој требаше да настапи со репрезентацијата на Кенија на Олимписките игри во Париз.

Би можело да ве интересира

Загина мотоциклист на автопатот Скопје-Велес

Горан Наумовски

Загина 63-годишен прилепчанец при палење стрниште

Горан Наумовски

Се преврте трактор, загина 73-годишен велешанец

Загина 48-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

Во Италија: Тинејџерка отиде на прошетка и не се врати, пронајдена е мртва во планина

Германија: Загина возачот кој со камионот влета во толпата на протестот на фармерите