Во Италија: Тинејџерка отиде на прошетка и не се врати, пронајдена е мртва во планина

Од:

Тинејџерка (16) од Германија била пронајдена мртва во снег за време на семеен одмор во Јужен Тирол, Италија. Таа излегла на прошетка од која не се вратила.

Трагедијата се случи за време на зимскиот одмор. Тинејџерката со семејството отишла на планинска фарма во Сан Кандидо, од каде сама тргнала на планинарење.

„Девојката била гостин на фармата, сега се истражува како се случил инцидентот и зошто воопшто ја напуштила фармата. Засега не се знае дали премрзнала до смрт. Наредена е обдукција” изјавија истражителите.

Според Андреас Шефер, командант на противпожарната бригада на Сан Кандидо, безживотното тело на тинејџерката било пронајдено околу 13.45 часот.

„Ја најдовме во шумата недалеку од сместувањето. Семејството е по потекло од Азија“, рече тој.

Спасувачите прво ја барале со хеликоптер. После тоа во акција тргнала планинарска спасувачка екипа со кучиња. Едно од кучињата конечно го наоѓа девојчето во близина на планинарска патека на надморска височина од 1.450 метри во шумата. Спасувачите се обиделе да ја оживеат, но безуспешно.

Дали тинејџерка се лизнала, паднала, се онесвестила и замрзнала се уште не се знае.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Загина мотоциклист на автопатот Скопје-Велес

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Загина 63-годишен прилепчанец при палење стрниште

Горан Наумовски

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески