Германија: Загина возачот кој со камионот влета во толпата на протестот на фармерите

Од:

Возач на камион кој со своето возило влетал во толпа за време на протестот на земјоделците на автопат во Германија загина на местото на несреќата, потврди полицијата.

Според досегашните информации, камионот од непозната причина налетал во толпата, а несреќата се случила во средата во 13 часот и 35 минути, на автопатот североисточно од Франкфурт, пренесува Билд. Од силината на ударот се судриле три камиони, од кои едниот превезувал нафта за греење, се вели во соопштението на полицијата.

Полицијата не објави информации за останатите повредени, а неофицијално се претпоставува дека се повредени две лица. На местото на настанот брзо пристигнале службите за итна помош, пожарникари и полиција, вклучително и спасувачки хеликоптер, а во тек е истрага за точната причина за несреќата, јавува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Загина мотоциклист на автопатот Скопје-Велес

Горан Наумовски

Загина 63-годишен прилепчанец при палење стрниште

Горан Наумовски

Се преврте трактор, загина 73-годишен велешанец

Загина 48-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

Загина светскиот рекордер Келвин Киптум

Во Италија: Тинејџерка отиде на прошетка и не се врати, пронајдена е мртва во планина