Свечено затворени 23. Зимски олимписки игри

Од:

Со Свечена церемонија денеска во Пјонгчанг беше означен крајот на 23-тата зимска Олимпијада на која учество земаа повеќе од 3.000 спортисти од 93 земји меѓу кои и од Македонија.

Најуспешна е Норвешка, која со 39 медали постави нов рекорд по бројот на освоени медали. Норвежаните пронајдени се вкупно 14 пати на највисоко на подиумот, како и Германците, кои беа на второто место со осум медали помалку. На третото место е Канада со 29 медали од кои 11 се златни.

– Овие игри се омаж на минатото и поглед кон светла иднина. Најдобар пример е почитувањето на олимпиското примирје. На заеднички марш Јужна Кореја и Северна Кореја покажаа дека спортот ги зближува луѓето, а тоа ни дава верба за иднина. Игрите во Пјонгчанг беа игри на нов хоризонт на подадена рака кон сите да ни се придружат во вербата и во иднина, изјави извршниот директор на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах, кој се заблагодари на спортистите за фер играта.

Игрите ги одбележаа две дами, Естер Ледецка (Чешка) која стана првата жена во историјата со освоени две злата во различни спортови на иста Олимпијада (супер-џи и паралел слалом), како и Марит Бјерген (Норвешка) која пет пати се најде на подиумот и стигна до вкупно 15 медали на ЗОИ.

Олимпијадата по Пјонгчанг останува во Азија, најпрво со ЛОИ во Токио 2020, а потоа и ЗОИ 2022 во Пекинг.

Би можело да ве интересира

Јапонија ја одобри кандидатурата на Сапоро за организација на ЗОИ 2030

Јапонија ја одобри кандидатурата на Сапоро за организација на ЗОИ 2030

Ана Ололовска

Жителите на Калгари на референдум ја отфрлија кандидатурата за ЗОИ 2026

Ана Ололовска

Калгари организира референдум за организација на ЗОИ 2026

Ана Ололовска

Милано и Кортина д’Ампецо претенденти за ЗОИ 2026

Ана Ололовска

Торино се повлече од заедничката кандидатура за ЗОИ 2026

Наум Локоски