Суарез пред дербито против Барселона: Нема да се радувам ако постигнам гол

Од:

Напаѓачот на шпанскиот фудбалски првак Атлетико, Луис Суарез пред вечерашното дерби против Барселона во Мадрид најави дека нема да прославува на теренот во случај да постигне гол против својот поранешен клуб.

Уругвајскиот 34-годишен голгетер го носеше дресот на Барселона од 2014 до 2020 година, по што премина во Атлетико и имаше клучна улога минатата сезона во освојувањето на шампионската титула на мадридскиот клуб.

– Не, нема да се радувам ако бидам стрелец. Имам исклучително голем респект кон Барселона. Во секој случај, доколку постигнам гол тоа ќе го одбележам на поинаков начин, изјави Суарез за шпанските медиуми.

Атлетико вечерва од 22 часот на стадионот „Ванда Метрополитано“ ја пречекува Барселона во натпревар, кој шпанските медиуми го најавуваат како последен на Роналд Куман на клупата на каталонскиот клуб.

Би можело да ве интересира

Бензема осуден на една година затвор условно за уцена на Валбуена

Ана Ололовска

Меси: Барса многу ќе напредува со Чави

Ана Ололовска

Ренато Санчез: Трансферот во Барселона беше готов летото, но пропадна поради повреда

Ана Ололовска

Дани Алвес се врати во Барселона

Ана Ололовска

Барселона ќе мора да му плати на Куман околу 20 милиони евра

Ана Ололовска

Чави може да влијае на враќањето на Меси во Барселона

Ана Ололовска