Суарез: Навивачите многу ми значат

Од:

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез во понеделникот вечерата на стадионот „Камп ноу“ доби овации за време на претставувањето на екипата, а особено при влегувањето во игра за време на дуелот со мексиканскиот тим „Леон“ на „Трофејот Гампер“.

– Тоа е награда која ми помага да продолжам да тренирам и да се вратам на терен. Сега можам да тренирам со екипата и се чуствувам како фудбалер. Навивачите многу ми значат, изјави Суарез за клупската телевизија.

Поради гризење на противничкиот играч (Кјелини) за време на дуелот од Светското првенство меѓу Уругвај и Италија, Суарез од ФИФА доби суспензија за забрана на настап од четири месеци и на клупски натпревари. Казната истекува на 25 октомври, а следниот ден се игра големото дерби на шпанскиот фудбал Реал Мадрид – Барселона и Уругваецот ќе има право на настап.

Суарез и минатата сезона во дресот на Ливерпул го прескокна стартот поради казна од десет натпревари за гризење на противнички играч (Ивановиќ од Челзи), а потоа со добрите игри во дресот на „црвените“ и 31 постигнат гол ги освои наградите најдобар стрелец и играч во Премиер лигата.

Во летниот преоден рок Суарез од Ливерпул премина во Барселона, а претходно настапуваше за уругвајската екипа Национал и холандските тимови Гронинген и Ајакс.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска