Со двата гола во вториот дел Луис Суарез на Барселона и донесе победа на синоќешниот дуел од четвртфиналето од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. Ривалот поведе во 25.минута преку Фернандо Торес, но истиот фудбалер по десет минути поради втор жолт картон беше исклучен.
– Најважно е што победивме и тоа дека тие ќе мора да постигнат гол во реваншот. Црвениот картон на Торес беше клучен , особено заради квалитетот што го има. Направи два фаула и навистина е штета, ќе беше одлично чувство да направавме пресврт „11 на 11“, изјави двократниот стрелец Суарез.
Реванш-натпреварот Атлетико Мадрид – Барселона се игра на 13 април.