Суарез и донесе победа на Барселона над Манчестер Сити

Од:

Со двата гола на Луис Суарез Барселона синоќа постигна победа на првиот натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите на гостувањето кај Манчестер Сити. Барселона триумфираше со 2:1 и има убава предност пред реваншот.

Двата гола Уругваецот ги постигна во 16.та и 30.та минута, додека голот за „граѓаните“ го постигна Серхио Кун Агуеро во 69.минута.

Барселона пропушти шанса за поубедлива победа откако Лионел Меси не реализираше пенал во последната минута.

На вториот натпревар одигра синоќа Јувентус ја победи Борусија Дортмунд со 2:1.

Карлос Тевез во 13.та минута донесе водство за Јувентус, а пет минути подоцна изедначи Марко Ројс. Во финишот на првиот дел (43.минута) Алваро Мората ги постави конечните 2:1.

Вечерва се играат последните два осминафинални натпревара: Арсенал – Монако и Баер Леверкузен – Атлетико Мадрид. Почетокот на дуелите е во 20:45 часот.

На претходно одиграните дуели беа постигнати следниве резултати: ПСЖ – Челзи 1:1, Шахтјор – Баерн 0:0, Базел – Порто 1:1 и Шалке – Реал Мадрид 0:2. 

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска