Стоилов: Со победа да го прославиме првото место

Од:

Пивотменот на Вардар, Стојанче Стоилов ги повика навивачите на „црвено-црните“ в недела да дојдат во СЦ „Јане Сандански“ и да му помогнат на својот клуб во обидот со победа над Кристијанштад да го потврди првото место во групата од Лигата на шампионите.

– Ние сме први без разлика на се. Професионалци сме, и должни сме на себе и навивачите оваа фаза да ја завршиме со победа. Сериозно го сфаќаме Кристијанштад, и како што кажа тренерот да уживаме и да ја завршиме оваа фаза со победа, истакна Стоилов на денешната прес-конференција.

Вардар првпат откако се натпреварува во групната фаза од Лигата на шампионите го завршува овој дел од првото место, и првпат обезбедува директен пласман во четврт-финалето.

– Ќе завршиме како првопласирани во групата. Немаме притисок, и треба да уживаме, да имаме добар меч во недела. Треба да бидеме сериозни, бидејќи мечот е важен и за Кристијанштад, и треба да бидеме фер. Имаат добри играчи, добар контра напад, и ќе мораме да се враќаме брзо во одбрана. Можеме брзо да постигнеме гол, но и тие играат брзо, па и лесно постигнуваа голови исто така. Очекувам да дојдат повеќе луѓе да го следат натпреварот. Салата да биде полна. Треба да уживаме во натпреварот, рече Раул Гонзалез, тренерот на Вардар.

Македонскиот шампион досега одиграл три натпревари во ЛШ и на сите три славел победа.

Почетокот на дуелот со Кристијаншатд е в недела во 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански”.

Би можело да ве интересира

Пронајден машки труп во водите на Вардар, утврден идентитетот

ЦУК: Камион на патот Зелениково – Таор ја проби оградата на мост на Вардар, нема жртви

(ВИДЕО) Змија на кејот на Вардар во Скопје: Топлото време ги раздвижи змиите

А1он

Фудбалерите на Вардар останаа без плата, Комитите собираат пари: Цобе сите не изневери

Горан Наумовски

ЦУК: Отстранета опасноста oд локално поплавување во Неготинско

Горан Наумовски

Голема потрага по жена која скокна во Вардар

Горан Наумовски