Стоилов: Ако дадеме 200%, ќе победиме и без Кире

Од:

„Знаеме што не очекува против Чешка, но знаевме и против Шпанија па видовме како испадна. Лошо влеговме во тој натпревар, моментот со Кире малку не пресече, а потоа ни беше тешко да се вратиме“, вели Столе Стоилов пред вечерашниот натпревар со Чешка на Европското ракометно првенство во Вараждин. Стојанче Стоилов е убеден дека ако одиграат максимално, отсуството на нашиот капитен Кире Лазаров, поради неговата повреда, може да биде надминато.

„Кога игра Кире и кога не игра, не е исто. Но ако не игра тој, ќе се обидеме и без него. Имаме во репрезентацијата многу искусни играчи кои можат да го понесат тој товар и мислам дека имаме реални шанси за Чешка. Мечот со Чешка за нас е како финале, треба добро да се подготвиме, да го вратиме духот кој не красеше во првата рунда, да играме подобра одбрана, да се враќаме, да се бориме и тоа ни е шансата. Мислам дека играта на Чешка малку е сменета од таа во квалификациите, сега играат поискусно, имаат поцврста одбрана. Последниот натпревар ги победивме убедливо, но тоа не е мерило, ова е друг натпревар, притисокот е поголем. Како што реков, можеме да ги победиме и без Кире, но за тоа треба да дадеме 200%, да одиграме грантина одбрана и да постигнуваме лесни голови“, додава Стоилов.

Натпреварот помеѓу Македонија и Чешка е на програмата вечерва со почеток од 20.30 часот.

Би можело да ве интересира

Шведска преку Шпанија до европскиот ракометен трон

Данците ја прегазија Холандија за сигурно полуфинале

А1он

Македонија вечерва ќе игра против Данска

Ана Ололовска

Хрватска го доби балканското дерби со Србија

Катерина Ѓуровски

Македонските ракометари изгубија од Словенија

А1он

Лазаров ги изостави Митев и Трајковски за дуелот со Словенија

Ана Ололовска