Данците ја прегазија Холандија за сигурно полуфинале

Од:

Данска уште еднаш е фаворит за злато откако со 35:23 (21:12) ја декласира Холандија и обезбеди сигурен пласман во полуфиналето на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Данците направија предност од 10 гола уште во првото полувреме и покрај сите обиди на Холанѓаните за камбек во второто полувреме, на крајот стигнаа до рутинска победа, нивна трета во втората рунда и вкупно шеста на шампионатот. Холанѓаните за мечот беа ослабени со отсуството на најдобриот стрелец на турнирот – Кеј Смитс, кој како и повеќето ракометари на турнирот имаше позитивен тест на Ковид-19.

Матијас Гидсел беше расположен за Данците со 9 постигнати гола, а по седум имаа Микел Хансен и Јохан Хансен, додека кај Холандија, Ивар Ставаст заврши со 4 гола.

На Данците им останува последното коло против големите ривали Французите.

Би можело да ве интересира

Шведска преку Шпанија до европскиот ракометен трон

Македонија вечерва ќе игра против Данска

Ана Ололовска

Хрватска го доби балканското дерби со Србија

Катерина Ѓуровски

Македонските ракометари изгубија од Словенија

А1он

Лазаров ги изостави Митев и Трајковски за дуелот со Словенија

Ана Ололовска

Врањеш: Македонците се силен противник, очекувам тежок натпревар

Ана Ололовска