Сто милиони евра за борба на Нурмагомедов со Мејведер и Мекгрегор во Ријад

Од:

Шампионот во лесна категорија во УФЦ верзијата, Хабиб Хурмагомедов доби понуда од 100 милиони евра за борби со Конор Мекгрегор, но и со Флојд Мејведер во Ријад.

Ова го објави неговиот менаџер Али Абделазиз.

Нурмагомедов моментно се подготвува за одбрана на титулата во мечот со Тони Фергусон што е закажан во април.

Потоа би ја разгледувал богатата понуда на Саудијците кои не жалат пари за спектакл.

Првиот човек на УФЦ излезе со предлог за меч меѓу Мегрегор со победникот од дуелот меѓу Нурмагомедов и Фергусон, но тимот на рускиот борец не гледа на тој начин на работите и смета дека Ирецот треба да наниже неколку победи со квалитетни ривал пред да добие нова шанса во октагонот.

Од друга страна, Мејведер неколкупати порача дека може да ја прекине пензијата и да се врати во ринг за борба што носи пари, како што беше случај против Мекгрегор во 2017 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дали Холовеј го постигна најголемиот нокаут на сите времиња?

Предраг Петровиќ

ВИДЕО:Телевизиски водител за прв пат влезе во рингот против професионалец, не издржа ни една минута

Предраг Петровиќ

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Шампионот на Европа по тепачката вади пиштол и пука по луѓе

Предраг Петровиќ

Поранешниот олимпиец ја убил девојката и ја фрлил од надвозник, и вбризгал седатив за коњи

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Олександр Усик ја одбрани светската титула во тешка категорија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Боксот има нов „крал“: Крафорд испиша историја