Со 156 кривини, речиси 20 километри патека, искачување од 1.440 на 4.300 метри надморска височина Pikes Peak е најтешка планинска трка во светот.
Ова легендарно натпреварување, што се одржува во Колорадо, во САД, го носи симболичниот наслов „Трка до облаците“, и зазема посебно место во светот на авто-спортот. Годинешната трка се оддржа минатиот викенд, а во жестоката конкуренција на врвни возачи и разновидни автомобили победи извонредниот Ромејн Думас.
Куриозитет е што Ромејн Думас ги освои двете најпрестижни автомобилски трки во интервал од само една недела – „24 часа Ле Ман“ и „Pikes Peak International Hill Climb“, која ја извозе за само 8:51.445 часа.
Трката го постигна легендарниот статус благодарение на фактот дека најдобрите светски рели возачи го прифатија предизвикот да ја креираат историјата.
Во ерата кога „Ауди“ и „Пежо“ се борат за титулата, возачите на „Ауди“ Мишел Мутон, Боби Унсер и Валтер Рохл, како и Ари Ватанен, зад воланот на „Пежо“, ги држат сите рекорди. Дури неодамна, поточно во 2013 година ним им се придружи и Себастијан Леб.
Повеќе од сто натпреварувачи земаа учество во годинешната трка, а беа поделени во 17 категории на автомобили, мотори и камиони. Категоријата „Без ограничување“ е најспектакуларна, затоа што во неа учествуваат суперавтомобили со +1.000 „коњски сили“.
„Pikes Peak“ се одржува од 1916 година и е единствената трка во светот која ја заслужува тежината и смислата на слоганот „TAG Heuer“ -DontCrackUnderPressure, бидејќи статистиката го одзема здивот.
Ова е една од најтешките трки во светот, како за возачите така и за нивните машини. Познато е дека големите нагорнини и високи надморски височини ги забавуваат рефлексите кај возачот, дополнително го напрегнуваат нивниот мозок и неретко предизвикува грчење на мускулите, а моторите на машината можат да изгубат и до 30 отсто од силата во такви услови. Со многу мала сигурносна ограда и најмалата грешка и на најискусниот возач може да го испрати во провалија, која на некои места е длабока дури до 1.800 метри.