Стефановски постави нов рекорд на „Водно“

Од:

Две минути, 11 секунди и 4 стотинки е новиот македонски рекорд на Игор Стефановски Иџе, кој го постави на вчерашната трка „Водно 2013“ со својот нов автомобил „Мицубиши Лансер Ево IX“.

Со овој резултат Иџе го собори претходниот рекорд од 2 минути 12 секунди и 14 стотинки и го освои првото место во конкуренција од 30 натпреварувачи од Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора и Бугарија.

– Иако беше врнежливо, успешно се справив со мократа патека и мислам дека постигнав одличен резултат. Победив во Генералниот пласман и во мојата група. Многу сум задоволен, бидејќи го исполнив ветувањето. Сега сум подготвен за следните предизвици. Доколку нештата се одвиваат во најдобар ред, планирам пред „Награда Малачке“ во Хрватска да настапам на трка во Чешка од Европското првенство, изјави Стефановски по завршување на трката.

До крајот на овој месец на возилото ќе се извршат сите потребни ревизии и подготовки за следниот настап на Стефановски на ЕП Чешка кое ќе се одржи на 1 и 2 јуни.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страшна сообраќајка на рели: Автомобил влетал во публика, загинал навивач, а 14 други се повредени

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пијан возач упадна на рели трка во Хрватска, ќе се судреше со натпреварувач

ВИДЕО: Се степаа на рели патека, едвај се спасија пред автомобил кој се движеше со голема брзина

Ана Ололовска

Нова трагедија на рели трките: Двајца Шпанци со возилото се забија во дрво

Горан Наумовски

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: На нелегална улична трка, возач влета во група гледачи и побегна