Македонскиот пливач Томи Стефановски втора година по ред се наоѓа на највисокото место на пиедесталот на трката во Сен Жан Канада од ФИНА Гран при серијата.
Оваа година Стефановски го подели првото место со со домашниот пливач Ксавиер Дешарне. Двајцата постигнаа истовреме 7:09.08 часа, а ниту фото финишот не можеше да реши кој е победник.
По паузата поради здравствените проблеми настап имаше и Евгениј Поп Ацев кој го освои 4. место со време – 7:12.01, додека Александар Илиевски патеката од 32 километри ја исплива за 7:39.37 часа и го освои 12. место или 9.то во конкуренција на мажи.