Македонскиот автомобилст Игор Стефановски-Иџе во првата трка на кружни патеки одржана попладнево на патеката „Пол Рикар“ ги освои и првите бодови во ЕТЦЦ-шампионатот. Тој денешниот натпревар го заврши на седмото место во втората трка. На трката се возеа вкупно 14 кругови, а Стефановски зад лидерот Петр Фулин имаше заостанување од 27.685 секунди.
На второто и на третото место се пласираа Петер Рикли од Швајцарија и Норберт Наѓ од Унгарија.
Нашиот автомобилист се натпреварува за словенечкиот тим „Лема“ со возилото Сеат „Леон“, а имаше мал инцидент во првата трка, која имаше „летечки старт“ и заврши на 11.место. Поради судирот со друго возило Стефановски го имаше овој пласман, а неизвесен беше и настапот во втората трка, но сепак механичарите го подготвија возилото.