Македонскиот нордиец Ставре Јада утрово се појави во квалификациите во спринтот на 1,5 километар на Зимските олимписки игри во Пекинг и на крајот во конкуренција на 88 нордијци кои ја завршија трката го освои 86. место.
Јада стартуваше како 87. и оствари време од 3:29.13 минути, што е заостанување од 44,1 секунда зад најдобриот во квалификацискиот дел, Лукас Шанава од Франција.
Јада не успеа да обезбеди пласман во вториот круг од трката, каде место имаат само првите 30 нордијци од квалификациите.
Вториот настап на Игрите во Пекинг, Јада ќе го има на 19. февруари.