Со одигрување на два натпревара стартуваше новата сезона од СЕХА лигата. Ова е седмо издание на регионалната ракометна лига.
На дуелот на двете екипи од Србија Динамо Панчево ја победи Војводина како гостин со 29:24.
На „отворањето“ Татран Прешов го победи Мешков Брест со 24:23.
Во тек е дуелот на словенечките екипи Горење – Цеље, а утре се игра натпреварот на екипите од Хрватска Загреб – Нексе.
Дербито на колото се игра на 2.септември (сабота) во Скопје меѓу македонските екипи Металург и Вардар.
Титулата шампион на СЕХА лигата ја брани македонскиот и европски првак Вардар.