Со натпреварот во Загреб денеска ќе започне плеј-офот во регионалната кошаркарска АБА лига.
Во првиот полуфинален натпревар хрватскиот првак Цедевита ќе биде домаќин на белградски Партизан во дуелот кој ќе се игра вечерва од 19 часот.
Во истиот термин утревечер во Белград, на Црвена Ѕвезда, која го освои првото место, а воедно ја брани и титулата, ќе и гостува црногорскиот првак Будуќност, кој во понеделникот во последниот меч од регуларниот дел на сезоната загуби со 82-66.
Полуфиналната серија ќе се игра во два добиени натпревара. Реванш натпреварите на програмата се на 25 и 28 март, додека евентуалните решавачки натпревари, мајсторките би се играле на 1 и 4 април.
Почетокот на финалната серија (подобар од пет натпревари) е закажан за 10 април.