Борбата за најпосакуваниот фудбалски клупски трофеј почнува со денешните натпревари. На стартот од групната фаза од Лигата на шампионите се 32 екипи, кои се поделени во осум групи.
Титулата европски шампион ја брани Реал Мадрид.
Многу промени во новата сезона се очекуваат да донесат поинтересна сезона. Францускиот првак ПСЖ оваа сезона ќе биде предводен од нов тренер Унај Емери, кој со Севиља имаше успешни настапи во Лигата Европа (освоени пехари).
Како конкурент во групата на тимот од Париз е лондонски Арсенал, кој под водство на Арсен Венгер ќе ја игра 19. сезона во ЛШ.
Пеп Гвардиола по настапите со Барселона и Баерн, оваа сезона ќе биде на клупата на Мачестер Сити, а во досегашниот тек од Премиер лигата и баражот има максимален учинок – шест победи.
Во рамките на првите четири групи се играат вкупно осум натпревари, а двојките се:
А група: Базел – Лудогорец, ПСЖ – Арсенал.
Б група: Бенфика – Бешикташ, Динамо Киев – Наполи.
Ц група: Барселона – Селтик, Манчестер Сити – Борусија Менхенгладбах.
Д група: Баерн – Ростов, ПСВ – Атлетико Мадрид.
Почетокот на сите натпревари е во 20:45 часот.