Средбата помеѓу Бартомеу и таткото на Меси заврши без конкретно решение

Од:

Средбата меѓу претседателот на Барселона, Пеп Марија Бартомеу и таткото на Лионел Меси – Хорхе, заврши без двете страни да донесат конкретна одлука. Каталонскиот шеф пристигна на состанокот со менаџерот Хавиер Бордас, додека на другата страна од масата, покрај таткото на Меси, беа и неговиот брат Родриго и адвокатот Хорхе Пекур.

Барселона е категорична дека дури нема да преговара за можноста Меси да го напушти клубот, иако тоа е токму желбата на самиот играч. За Бартомеу се вели дека бил доста цврст во својата позиција, велејќи дека Лео е клучна фигура во плановите на новиот тренер Роналд Куман. Тој дури рече дека е подготвен да понуди нов 2-годишен договор на 33-годишниот Аргентинец.

Сепак, Меси сака да го напушти „Камп Ноу“. Ја изгубил довербата во Бартомеу и сака да бара нов предизвик. Неговата желба е да го раскине договорот со Каталонците, искористувајќи ја клаузулата во него.

Средбата меѓу двете страни траеше повеќе од час и половина, но без вистински резултат. Разговорите се очекува да продолжат денеска во надеж дека ќе се постигне компромис.

Би можело да ве интересира

„Тајм“ го прогласи аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за спортист на годината

Горан Наумовски

Новиот, можеби последен, дуел меѓу Меси и Роналдо во февруари во Саудиска Арабија

Хјустон го победи Интер и го освои УС Опен Купот, Меси натпреварот го следеше од трибините

Телохранителот на Меси доби интересна бизнис понуда

Телохранителот на Меси има нова функција додека трае натпреварот

Меси: Интер Мајами може да го освои финалето на Лига купот