Сребрен медал за пливачот Стојаноски на Светското првенство за глуви

Од:

Македонскиот пливач Андреј Стојаноски успеа настапот на Светското првенство за глуви, кое се одржува во Сан Антонио да го заврши со медал. Во трката на 1.500 метри слободно го освои второто место и сребрениот медал со време 16:57.32 минути.

Во своите претходни настапи на шампионатот Стојаноски имаше учество во уште три финални трки: на 400 метри слободно беше седмопласиран, на 200 метри слободно беше осми, а на 400 метри мешано заврши како петопласиран.

Стојаноски е член на пливачкиот клуб Бета, а во Сан Антонио беше со својот тренер Марјан Соколовски.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ

Најдобриот пливач на денешницата го напушти Светското првенство во Будимпешта

А1он

Канаѓанката Мекнил го собори рекордот на 50 метри грбно во мали базени

А1он

Пливачката Миа Блажевска Еминова обезбеди норма за настап на Олимпијадата во Токио

Ана Ололовска