Срдечна средба на Тајсон и Холифилд во супермаркет во Чикаго

Од:

Боксерскитe легенди Мајк Тајсон и Ивандер Холифилд срдечно се прегрнаа при повторната средба, што и не беше очекувано ако се знае дека Тајсон своевремено во рингот на Холифилд му одгриза парче од увото.

Тајсон дошол во супермаркетот во Чикаго каде неговиот стар ривал промовирал сос именуван по него, „Holyfield Real Deal“.

– Јас го сакам Ивандер. Засекогаш сум поврзан со него до крајот на мојот живот, рече Тајсон, кому во 1997 година му беше изречена забрана за работа со бокс откако на Холифилд му откина парче од увото, јави „Д Сан“.

– Тој го цени тоа што му простив, а такви работи се случуваат во животот, порача Холифилд. Тие двајца уживаа во можноста за дружење.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дали Холовеј го постигна најголемиот нокаут на сите времиња?

Предраг Петровиќ

ВИДЕО:Телевизиски водител за прв пат влезе во рингот против професионалец, не издржа ни една минута

Предраг Петровиќ

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Шампионот на Европа по тепачката вади пиштол и пука по луѓе

Предраг Петровиќ

Поранешниот олимпиец ја убил девојката и ја фрлил од надвозник, и вбризгал седатив за коњи

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Олександр Усик ја одбрани светската титула во тешка категорија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Боксот има нов „крал“: Крафорд испиша историја