Спортско планинарскиот клуб „Козјак„ од Куманово со едукација и предавање за членовите го одбележа Меѓународниот ден на планината.
Покрај овие активности, планинарскиот клуб оддржа и годишно собрание на кое беа прогласени најдобите планинари, а беше усвоена и годишната програма која предвидува оддржување летна планинарска школа, искачување на врвовите на планините низ Македонија и соработка со македoнски и балкански планинарски друштва.
Генералниот секретар на СПК „Козјак“, Мартин Величковски, најави дека утре планинарите од кумановското здружение ќе учествуваат и на традиционалните планинарски маршеви кои ги организира Федерацијата за планинарски спортови на Македонија по повод Светскиот ден на планината.
– Дваесеттина планинари од нашиот клуб ќе ја пешачат предвидената патека, а останатите помлади членови ќе ја поминат планинарската патека до четирите манастири, а ќе ја посетат и пештерата „Врело”, истакна секретарот на СПК „Козјак“, Мартин Величковски.
Во СПК „Козјак” членуваат 76 активни и 25 пасивни планинари. Клубот учествува на сите традиционални искачувања на планинските врвови во државата и надвор од неа. Досега планинарите ги освоиле највисоките врвови на Балканот, а во изминатите години, планинарите учествуваа и на искачувања во Европа. Тие соработуваат со сите македонски планинарски друштва, но и со планинари од Балканот. Во рамки на клубот функционира и школата за млади планинари. СПК „Козјак” располага со два планинарски дома во село Далбочица, а опстојува 33 години.