Споменик на Диего Марадона подигнат во Буенос Аирес

Од:

Еден ден по роденденот на аргентинската фудбалска легенда Диего Марадона, односно вчера, во Буенос Аирес беше откриена негова статуа висока 2,8 метри. Марадона завчера наполни 58 години.

– Скулптурите обично се подигаат во чест на починати, а Диего е жив. Тој ја заслужува почитта додека сѐ уште е жив, и луѓето би требало да знаат дека неговиот роден крај секогаш ќе го памети, изјави директорот на Комисијата за историски истражување во Ла Патернал, Алберто Перез.

Споменикот е поставен до стадионот на Аргентинос јуниорс, каде што Марадона ја почна фудбалската кариера, и тој е олицетворен со дрес од неговиот матичен клуб.

Потоа тој играше и за Бока јуниорс, Барселона, Севиља, Наполи (со кој освои и две титули) и Њуелс бојс. Кариерата ја заврши во Бока во 1997 година. Со својата Аргентина го освои Светското фудбалско првенство во 1986., и играше во финалето четири години подоцна. Од 2008. до 2010. беше и селектор на националниот тим.

Некогашната фудбалска ѕвезда не присуствуваше на свеченото откривање на споменикот.

Би можело да ве интересира

„Бомбоњера“ заминува во историјата

Предраг Петровиќ

Меси спие со трофејот од СП

(ВИДЕО) Избегната трагедија: Меси ќе настрадаше само што пристигна во Буенос Аирес

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Светските прваци ја донесоа титулата во Аргентина: Спектакулрен пречек во Буенос Аирес

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хрватска немоќна, Меси и Аргентина ќе се борат за титулата

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Аргентинските навивачи со тенк на улица го чекаат натпреварот со Хрватска