Спасески во обиколка на неколку повеќенаменски игралишта

Од:

Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Марјан Спасески денеска направи обиколка со цел добивање целосен увид во напредокот на изведбата на градежните активности на повеќенаменските игралишта што ги гради Агенцијата.

Спасески ги посети игралишта во општина Аеродром (ОУ “Александар Македонски”), општина Бутел (ул.Мара Междуречка), општина Кисела Вода (нас.Црниче) и општина Чаир (ОУ”Никола Вапцаров”) каде во тек се одвиваат градежни активности.

Од увидот кој го направи директорот на АМС се констатираше дека градежните активности се одвиваат според зацртаната динамика на изведба и дека овие повеќенаменски игралишта според планот ќе бидат готови до почетокот на септември.

Досега се изградени 40 повеќенаменски игралишта, а во фаза на градба се уште 14. Овој проект започна со цел да се овозможат услови за спортување на младите на целата територија на Република Македонија со што ќе се влијае во правилниот развој и правилното насочување на младите во животот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска

Крива Паланка ќе добие нова фитнес зона

Ана Ололовска