Зеленски до Трамп: Само сакам да знам што ќе биде со Украина

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски пред утрешниот состанок во Вашингтон испрати порака до американскиот претседател Доналд Трамп.

– Само сакам да знам што ќе биде утре со нас, со нашата земја, со нашите семејства. Каде сте вие? Не ни требаат само договори за пари. Сега преживуваме, истакна Зеленски.

Тој исто така прашува „Дали Америка ќе престане со воената помош?“

Зеленски додава дека без американска воена помош Украина би можела да ја изгуби способноста да се брани од Русија.

– Сега не е прашање за замрзнување на судирот. Војната нема утре да заврши, бидејќи (рускиот претседател Владимир) Путин не е подготвен за тоа, посочи Зеленски.

САД и Украина утре треба да потпишат договор за експлоатација на украинските минерални ресурси, според кој приходите од минералите ќе бидат депонирани во заеднички американско-украински фонд.

Зеленски за возврат бара американски безбедносни гаранции, кои Трамп досега не ги обезбедува.

Би можело да ве интересира

Последните анкети пред изборите во САД: Демократите со голема предност во Претставничкиот дом, неизвесна трка за Сенатот

Предраг Петровиќ

Трамп се подготвува за пораз: „Ако тргнат по Маск, ќе го заштитиме“

Предраг Петровиќ

Трамп вети 5.000 долари за секој Американец ако републиканците победат на изборите

А1он

Трамп доби „ладен туш“ пред изборите: Не смеете да се заканувате!

А1он

Ердоган и Трамп разговараа за Блискиот Исток и конфликтот во Украина

А1он

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната