Спасески оствари средба со јапонски експерти за карате

Од:

Директорот на Агенцијата за млади и спорт,  Марјан Спасески денес беше домаќин на јапонска делегација предводена од вториот секретар на Амбасадата на Јапонија во Виена, Тцујоши Кавахара и двајца врвни експерти во каратето.

– Посетата на нашата држава е резултат на одличната соработка на карате федерацијата на Македонија со претставници и вистински репрезенти на овој спорт на Јапонија. Амбасадата на Јапонија во Виена (која ја покрива и Р. Македонија) ќе организира демонстрација и тренинг за карате на 3 и 4 ноември 2015 во Скопје, со двајца врвни мајстори од Јапонија, Масааки Јокомичи (Шотокан 6 Дан) и Кен Нишики (Шотокан 5 Дан). Посетата на карате експертите од татковината на каратето е исклучително важна и доаѓа во време кога Јапонија како држава која ќе ги организира Летните Олимписки игри во Токио неодамна се определи да го предложи освој спорт да биде дел од програмата на ЛОИ во 2020 година. Истовремено тоа е признание и за Карате федерацијата на Македонија и продолжение на соработката која трае повеќе од една деценија, изјави Спасески.

За оваа цел, во мај годинава беше остварена средба од страна на претседателот на Стручниот совет на КФМ, Назим Куртовиќ кој заедно со членот на извршниот одбор Горан Милковски се сретна со претставници од Јапонската амбасада.

Инструкторите од Јапонија денес и утре ќе одржат два настана со мини демонстрација  и тренинг, најпрвин попладнево во салата на ОУ „Панче Арсовски“ во Скопје, а за утре претпладне е планирана демонстрација и предавање ОУ „Гоце Делчев“ во Скопје. Слушатели и присутни на семинарите ќе бидат тренери, селектори, и каратисти – членови на Македонската карате репрезентација.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска