Спасески: Младите каратисти со златни букви се запишаа во историјата на македонскиот спорт

Од:

На Европското првенство во карате за кадети, јуниори и јуниори до 21 година што изминатите пет дена се одржуваше во Лимасол, Македонија освои вкупно шест медали, најмногу во историјата на македонското карате во оваа конкуренција.

– Македонските каратисти кои настапија на ЕП во Лимасол со златни букви се запишаа во историјата на македонскиот спорт, бидејќи станува збор за најголем број освоени медали на евро-шампионат во оваа категорија. Уште еднаш се покажа дека каратето е еден од најуспешните спортови во Македонија.  Тоа е спорт кој има голем потенцијал што бележи се подобри резултати, а тоа се должи и на добрата соработка на Карате федерацијата на Македонија со Агенцијата за млади и спорт, како и на клубовите кои одлично ги подготвуваат каратистите. Верувам дека традицијата на добри резултати што ги бележи овој спорт ќе продолжи и во иднина, изјави Спасески на денешната прес-конференција и додаде дека АМС ќе продолжи со финансиска и логистичка поддршка за македонските каратисти.

Во Кипар, македонските каратисти се закитија со еден сребрен и пет бронзени медали. Сребро освои Абдурахим Идризи во кати за кадети, мажи, поединечно, додека со бронзени медали се закитија женскиот ката-тим, (Маријана и Мишела Димоски и Киријана Камческа), во дисциплината борби кадетот Столе Смилковски (до 57 кг), јуниорите Петар Спасеновски (над 76 кг) и Азиз Исмаил (до 75 кг) и Моника Пендаровска.

На првенството настапија околу 1.000 каратисти од 48 земји.

Триесет и четирите македонски репрезентативци во Лимасол беа предводени од селекторите Александар Кузмановски (кадети и јуниори), Арлинд Хусеини (јуниори до 21 година) и Златко Димоски (кати), кои настапот и постигнувањата на ЕП ги оценија како еден од најголемите резултати за Македонија на меѓународните натпреварувања.

– На сребрениот успех на светското првенство на женскиот ката тим се надоврза и европската бронза, што го вбројува овој тим во листата на непосакувани противници. За успех на секое натпреварување покрај константното залагање потребни се и добра среќа во жребот, како и фер судење. Тоа се параметри кои овој пат како и многупати пред тоа не ни беа наклонети. Но и тоа не беше пречка за освојување на бронза на македонскиот женски ката тим, но и сребрен медал во машка конкуренција за Абдурахман Идризи кој е прв поединечен медал во кати за Македонија воопшто, рече селекторот на ката тимот Златко Димовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска