Спасески им посака успешен настап на македонските каратисти на ЕП

Од:

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески им посака добар пласман и освојување на медали на македонските каратисти кои ќе настапат на 43. Европско првенство за кадети, јуниори и постари јуниори до 21 година, кое ќе се одржи од 5-7 февруари во Лимасол, Кипар.

– По најавите дека каратето ќе стане дел од Олимписките игри во Токио 2020 година, интересот за каратето е значително зголемен.На ова првенство досега се пријавени 940 натпреварувачи од 48 земји, а македонската репрезентација ќе биде меѓу најбројните со 34 натпреварувачи. Македонското каратето изминатите години бележи добри резултати во сите категории. За истакнување е Берат Јакупи со четири медали од различни категории, а тука се и нашите надежи Мартин Стојменов, Моника Пендаровска, женскиот ката-тим и верувам дека Македонија има светла иднина во овој спорт. Во таа насока е поддршката која каратето ја добива од Агенцијата за млади и спорт. Им посакувам успешен настап на сите репрезентативци, достојно да ја претстават Република Македонија и да се вратат со што е можно повеќе медали, истакна Спасески на денешната прес-конференција.

Селекторот на кадетско-јуниорската репрезентација Александар Кузмановски изрази голема благодарност за се што Агенцијата за млади и спорт прави за карате спортот во Македонија и дека тргнуваат во нови походи со подготвени репрезентативци.

-Целта е првенствено достојно претставување на Македонија, а освојувањето на медали е секогаш можно кога се има квалитет и желба, рече Кузмановски.

Селекторот на У21 Арминд Усеини изјави дека ќе настапи со навистина спремни натпреварувачи, кои се зрели за освојување медали. Тој особено го истакна високото ниво на подготвеност на машкиот тим од кој очекува европско одличје.

Оптимизам пред тргнувањето за Лимасол има и меѓу репрезентативците  Моника Пендаровска, двократен европски медалист во кадетска и јуниорска категорија, Столе Смилковски, Фаик Весели, како и бронзениот од последниот континентален јуниорски собир Виктор Крстевски кој годинава преминува во повисока категорија У21.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска