Соуса: Сочувствувам со Ѓоковиќ, но малку е себичен

Од:

Португалскиот тенисер Жоао Соуса го нарече Новак Ѓоковиќ помалку себичен поради одлуката да пристигне на Австралија Опен невакциниран против коронавирусот и додаде оти тоа е тешко да се прифати.

Соуса наведе дека другите тенисери се лути бидејќи Ѓоковиќ ги избегнал правилата и оти се испраќа лоша порака што тој е единствениот невакциниран тенисер на Австралија Опен.

– Ја почитувам неговата борба за своите уверувања и имам емпатија за сè што минува во Австралија, но помалку е себичен таквиот однос кон колегите. Себично е од него да дојде тука како единствен невакциниран играч, Многумина од нас, не и јас, не сакавме да се вакцинираме, но моравме да го направиме тоа за да играме. Такви се правилата, а тој ги заобиколи правилата и е единствен, кој не се вакцинираше. За нас останатите играчи тоа е тешко да се прифати, иако разбирам дека тој ги брани своите идеали, изјави Соуса.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ во третото коло на АТП турнирот во Женева

Ѓоковиќ тајно бил примен во Ургентниот центар во Белград

ВИДЕО: Дебакл на Ѓоковиќ во Рим, декласиран од 32 тенисер во светот

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло

Ѓоковиќ: Иванишевиќ ми е доживотен пријател, не знам кој ќе го замени

После пет години: Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката