ВИДЕО: Дебакл на Ѓоковиќ во Рим, декласиран од 32 тенисер во светот

Од:

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ го доживеа еден од најтешките порази во кариерата. Во третото коло на Мастерсот во Рим, српскиот тенисер беше поразен со 6:2, 6:3 од 32. играч на светот Алехандро Табило. Чилеанецот за само 70 минути го збриша играчот број еден во светот и ја постигна најголемата победа во кариерата.

Табило го отвори мечот со брејк, а потоа многу брзо стигна до 4:0. До крајот на првиот сет мирно го држеше својот сервис и го затвори со 6:2. Навивачите во Рим очекуваа Ѓоковиќ да се врати во вториот сет, но тоа не се случи. Табило со два сервис брејка стигна до 6:3 и во следното коло ќе игра против Карен Качанов.

“Не можам да верувам. Се обидувам да се разбудам. Се обидов да ги задржам нервите. Размислував да играм по еден поен. Тоа е лудо, не можам да верувам што се случи. Моето семејство е пресреќно, ниту тие не можат да поверуваат, ми пишуваа дека е неверојатно каде сум дошол и се уште се обидувам да сфатам што сум направил“, изјави Чилеанецот по мечот на неговата кариера.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Алкараз доминантен против Ѓоковиќ, ја одбрани титулата на Вимблдон

Ѓоковиќ го дозна својот ривал во полуфиналето на Вимблдон, а тоа е сензационалниот Лоренцо Мусети

Горан Наумовски

Новак Ѓоковиќ без борба оди во полуфиналето на Вимблдон

Ѓоковиќ: Давам се од себе за да бидам подготвен за Вимблдон

(ВИДЕО) Неизвесност на Ролан Гарос: Ѓоковиќ не тренира, чека резултати од магнетната резонаца

Ѓоковиќ е „запрен“ во полуфиналето на АТП турнирот во Женева