Ѓоковиќ во третото коло на АТП турнирот во Женева

Од:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска се пласираше во третото коло на АТП турнирот во Женева откако за час и 12 минути игра го совлада Германецот Јаник Ханфман со резултат 2:0 (6:3, 6:3).

Ѓоковиќ успеа да направи брејк за водство од 3:2, пред дождот да го прекине мечот при водство на Србинот со 5:3 и 40:40 на негов сервис.

Во тој гем, кој продолжи и по паузата, најдобрата тенисерка на планетата спаси дури пет брејк топки и ја искористи втората сет-точка за да поведе со 1:0.

Во вториот сет, Германецот го направи првиот брејк и на стартот поведе со 3:0, но Ѓоковиќ жестоко возврати, нанижа шест гема и стигна до третото коло.

Во третото коло Ѓоковиќ ќе игра против победникот од мечот Талон Грикспор (Холандија) – Денис Шаповалов (Канада).

АТП турнирот во Женева се игра за награден фонд од 579.320 евра, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Алкараз доминантен против Ѓоковиќ, ја одбрани титулата на Вимблдон

Ѓоковиќ го дозна својот ривал во полуфиналето на Вимблдон, а тоа е сензационалниот Лоренцо Мусети

Горан Наумовски

Новак Ѓоковиќ без борба оди во полуфиналето на Вимблдон

Ѓоковиќ: Давам се од себе за да бидам подготвен за Вимблдон

(ВИДЕО) Неизвесност на Ролан Гарос: Ѓоковиќ не тренира, чека резултати од магнетната резонаца

Ѓоковиќ е „запрен“ во полуфиналето на АТП турнирот во Женева