Состанок ФФМ – УЕФА поврзан со организацијата на Суперкупот 2017

Од:

Висока делегација на УЕФА од вторникот се наоѓа во официјална посета на Фудбалската федерација на Македонија поврзана со организацијата на УЕФА Супер Купот во Скопје, натпревар кој ќе се одигра помеѓу победникот на Лигата на Шампионите и Европа Лигата во 2017 година.

Во рамки на посетата денес беше одржан и состанок на кој присуствуваа генералниот секретар на ФФМ, менаџерот на ТАВ аеродромите и претставник на Националната Арена „Филип Втори“, под водство на раководителот на УЕФА секторот за организација на настани – Даниел Рибеиро. На состанокот беше објаснета рамката за планирање и организација на супер купот, како и временската рамка за имплементација на проектот.

– Ние веќе работиме на составување работна група во која ќе бидат вклучени претставници на ФФМ, Град Скопје, Национална Арена и Влада на Република Македонија. Сметаме дека овој натпревар е многу важен од аспект на унапредување на целокупната инфраструктура на Националната Арена од сите аспекти. Но она што е уште поважно како придобивка е фактот дека Скопје ќе биде на мапата на фудбалска Европа и ќе се зборува за нас во следните 23 месеци на подготовка. Наша главна цел е да покажеме и докажеме дека сме зрели и подготвени за организација на натпревар од ваков ранг и повторно да се покажеме како добри домаќини, изјави Филип Поповски, генерален секретар на ФФМ.

Од УЕФА се задоволни од првичниот впечаток за инфраструктурата и капацитетите кои ќе бидат вклучени во одржувањето на Суперкупот.

– Задоволни сме од она што го видовме досега од аспект на аеродромска инфраструктура, хотелски капацитети, стадионот и планот за негово унапредување. Имаме речиси две години пред нас, период во кој ќе бидат дефинирани сите понатамошни чекори во пресрет на настанот. Она што сакам во моментов да го истакнам е дека стандардниот брендинг на Супер Купот ќе биде персонализиран со спецификите на градот, и истиот многу брзо ќе почне да се дистрибуира низ сите комуникациски канали на УЕФА, изјави Рибеиро.

Би можело да ве интересира

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

Орце Костов

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Предраг Петровиќ

УЕФА: Израелските фудбалери ќе играат против Исланд во Будимпешта

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат

Чеферин: Не сум сигурен дека Реал и Барселона знаат што прават, фудбалот не се продава