Фудбалерите на Реал Сосиедад убедливо со 4:0 го совладаа Рајо Ваљекано во последниот натпревар од 12.коло во шпанската Примера Дивизија.
Карлос Вела беше стрелец на два гола во првото полувреме, а во листата на стрелците во вториот дел се запишаа и Микел Гонзалез и Гонзало Кастро.
Сега Сосиедад има 16 бода, колку што има и тимот на Хетафе и Рајо Ваљекано, редоследно распоредени од деветтото до 11.то место на табелата.
На врвот е Барселона со 34 бодови, три повеќе од второпласираниот Атлетико Мадрид. Потоа следуваат Реал Мадрид 26, Леванте 20, Малага 19, Бетис 19, Валенсија 18, Севиља 18,.