Солари верува дека Реал сè уште има шанси да победи во сите натпреварувања

Од:

Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари ги охрабри своите играчи да не се откажуваат и покрај денешниот пораз од Жирона (1:2) на домашен терен во 24. коло од Примера.

– Ние не дејствувавме решително во нападот и не го решивме натпреварот во првото полувреме, иако имавме добри моменти. Во второто полувреме немавме доволно енергија, сакавме да постигнеме гол, но не успеавме. Противниците одиграа добро второ полувреме извршија притисок и ризично играа. Тоа им се исплатеше, рече Солари.

Тој потенцира дека тимот е изморен од густиот распорен на натпревари.

– Бевме уморни по серија тешки натпревари и ја плативме цената за трошење многу енергија.
Дали трката во шампионатот е изгубена? Ние мора да продолжиме да се бориме. Сè уште имаме шанси за успех на трите фронта (првенството, купот и Лигата на шампионите), изјави предводникот на Реал.

По овој пораз, Реал Мадрид остана на третото место во шпанското првенство со 45 поени. Лидерот Барселона има 54 бода, Атлетико Мадрид со 47 е втор.

Би можело да ве интересира

Неповторливиот Лука Модриќ – собори уште еден рекорд

Предраг Петровиќ

Модриќ го урна рекордот на легендарниот Пушкаш во Реал Мадрид

А1он

Реал нема да ги пушти своите играчи да играат на ОИ

Детаљ за кој најмногу се зборува – дали Винисиус заслужи црвен картон?

Предраг Петровиќ

Навивач на Атлетико Мадрид му се заканувал на девојче бидејќи носело дрес од Реал Мадрид

Горан Наумовски

Винисиус заминува доколку Реал потпише со Мбапе

Предраг Петровиќ