Солари: Можеме да ја освоиме Лигата на шампионите четврти пат по ред

Од:

Сантијаго Солари е сигурен дека предводениот од него Реал Мадрид може да ја освои Лигата на Шампионите по четврти пат по ред.

„Белите“ триумфираа во најсилниот клубски турнир во светот во последните три сезони, а сега повторно имаат амбиции за нов успех.

– Фудбалот не тера да сонуваме. Играме на највисоко ниво – тоа е сон, но понекогаш соништа не се остваруваат. Многу често фудбалот те тера да почнеш одново. Не е невозможно Реал Мадрид да ја освои Лигата на Шампионите четврти пат по ред, изјави Аргентинецот за весникот „Марка“.

Во осминафиналето на турнирот „белите“ ќе играат против Ајакс. Првата средба е на 13 февруари во Амстердам, а Реваншот е на 5 март во Мадрид.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска