Словачка ја совлада Шпанија во квалификациите за ЕУРО 2016

Од:

Репрезентацијата на Словачка го направи најголемото изненадување на синоќешните натпревари од 2. коло од квалификациите за ЕУРО 2016. Словачка го победи европскиот шампион Шпанија со 2:1.

Со голот на Јуриј Кучка во 17 минута Словачка поведе со 1:0, а „црвената фурија“ изедначи на 1:1 преку Пако Алкасер во 82. минута. Конечните 2:1 ги постави Мирослав Штох во 87.минута.

Во рамките на Ц групата Македонија во финишот го скрши отпорот на Луксембург и ја постигна првата победа со 3:2, додека нашиот следен ривал Украина ја совлада Белорусија на гости со 2:0.

Во оваа група на чело на табелата е Словачка со 6 бодови, пред Шпанија, Македонија и Украина со 3, додека Луксембург и Белорусија имаат по 1.

Резултати во Е групата: Англија – Сан Марино 5:0, Литванија – Естонија 1:0 и Словенија – Швајцарија 1:0.
Табела: Англија 6 бодови, Литванија 6, Естонија 3, Словенија 3, Швајцарија 0, Сан Марино 0.

На трите дуели во Г групата беа постигнати следниве резултати: Лихтенштајн – Црна Гора 0:0, Молдавија – Австрија 1:2, Шведска – Русија 1:1.
Табела: Русија, Австрија, Црна Гора по 4, Шведска 2, Лихтенштајн 1, Молдавија 0.

Вечерва се играат натпреварите: Летонија – Исланд, Турција – Чешка, Холандија – Казахстан (А група); Белгија – Андора, Кипар – Израел, Велс – Босна и Херцеговина (Б група); Бугарија – Хрватска, Италија – Азербејџан и Малта – Норвешка (Х група).

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска